Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република С. Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев.

Шефот на бугарската држава разговарал со претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразил сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски.

– Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош, изјави Радев.