„Илинденско – Преображенското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување“
Тоа го напиша претседателот на Бугарија Румен Радев на својата официјална ФБ страница по повод одбележувањето на 115 годишнината од избувнувањето на востанието, јавија денеска бугарските медиуми.ж
„Со решителност и пожртвуваност, без помош од надвор, Бугарите од Македонија и Тракија се дигнаа во очајна но праведна битка. Востаниците го издигнаа големото кредо на нашата револуција „Слобода или смрт“, посочил уште Радев на ФБ.
Таа една реченица има две поенти: дека Илинденското востание е дел од бугарското револуциенерно движење, и дека тоа е за обединување на поделениот бугарски народ во Бугарија и Македонија.
Инаку, до лани, Бугарите не го празнуваа Илинденското востание, туку го одбележуваа Илинденско-Преображенското востание кон крајот на август кога востанието започнало во Одринско.