Доверителите на најголемата приватна компанија во Хрватска, „Агрокор“, го одбрија договорот за надмирување на долговите на холдингот, во што ќе се вклучат две руски банки кои ќе преземат 46 отсто од акциите.
Околу 80 отсто од 450-те претставници на диверителите гласаа за договорот, со кој се избегнува банкрот на најголемата компанија во регионот на Западен Балкан, во која се вработени 60.000 лица.
Компанијата „Агрокор“, која учествува со 15 отсто во хрватскиот бруто домашен производ, натрупа долг од осум милијарди евра, вклучувајќи ја и спорната сума што им ја должи на две руски државни банки – „Сбербанк“ и ВТБ.
Договорот им овозможува на двете руски банки да преземат голем удел во „Агрокор“, што предизвикува стравувања дека Кремљ стратешки се обидува да го зголеми своето политичко влијание во најновата членка на ЕУ.
Според договорот, добавувачите можат да очекуваат да добијат 60 отсто од нивните побарувања, банките ќе добијат до 20 проценти, а сопствениците на обврзници може да очекуваат враќање од 40 до 80 проценти од нивната инвестиција.
Спроведувањето на договорот се очекува да трае меѓу три и четири месеци откако Трговскиот суд и официјално ќе го одобри.