Во рускиот град Беслан се одбележуваат пет години од терористичкиот напад извршен во училиште, при што загинаа над 300 деца и возрасни лица.

Терористичкиот напад во Беслан се случи на 1 септември 2014 година кога повеќе од 30 терористи упаднаа во едно училиште. Напаѓачите принудија околу 1.100 децата и нивните родители да влезат  во фискултурната сала на училиштето и таму ги држеа како заложници три дена без вода и храна.

Киднапирањето на заложниците беше спроведено од групата Ријадус-Салихин, која беше испратена од чеченскиот сепаратистички лидер Шамил Басаев. Во преговорите со руските власти Басаев бараше повлекување на руските сили од Чеченија и крај на Втората чеченска војна. По три дена неуспешни преговори, руските сили беа принудени да влезат во зградата, по неколкуте експлозии кои се случија во училиштето.

Во нападот загинаа 334 луѓе – 318 заложници и 186 деца, а стотици други беа повредени. За време на спасувачката операција загинаа 21 припадник на руските специјални сили.