В.Д. амбасадорката на Република Македонија во Руската Федерација, Оливера Чаушевска-Димовска, денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија, каде ѝ била врачена нота на Министерството, со која вработен во Амбасадата на Македонија во Москва се прогласува за „персона нон грата“.
„Мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за ’персона нон грата‘ донесена од страна на Северна Македонија во август оваа година“, соопшти руското МНР.