Сергеј Чизмов, директор на руската државна корпорација „Ростец“, денеска изјави дека Русија е подготвена на Турција да и продаде борбени авиони Су-35.

На прес  конференција тој меѓудругото  зборуваше за воено-техничката соработка на двете евроазиски држави, пренесуваат руските медиуми.

Чизмов на официјална Анкара и ја предложи продажбата на овој тип борбен авион од руско производство.

-Доколку нашите турски колеги изразат интерес, ние сме подготвени за испорака на Су-35, рече Чизмов.

Портпарол на американскиот Стејт департмент вчера писмено соопшти дека Турција не може да остане во програмата за американскиот борбен авион Ф-35, поради купувањето на рускиот одбранбен ракетен систем С-400.

Борбениот авион Су-35С, од генерацијата 4++ е надзвучен авион што на пазарот се појави 2008 година. Вооружен е со 30-милиметарски митралез, како и со осум тони ракети и бомби од различни типови.