Руските сили ќе го прекинат огнот денеска од 10 часот по московско време и се подготвени да обезбедат хуманитарни коридори за луѓе да можат да го напуштат Киев и уште четири градови, соопшти Меѓуресорскиот координативен штаб на Русија за хуманитарен одговор во Украина.
Русија наводно е подготвена да обезбеди хуманитарни коридори од Киев и соседните населени места до Русија преку територијата на Белорусија до градот Гомел, а потоа цивилите ќе бидат префрлени во Русија. Што се однесува до хуманитарните коридори во јужниот правец, тие би биле обезбедени во договор со украинската страна.