Два руски стратешки бомбардери од типот „Тупољев 95“, придружувани од ловци „Миг-31“, извршија планирани летови над неутралните води во Пацификот, како и во Берингово и Охотско Море, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

– Двата стратешки носачи на ракети „Ту-95“ извршија планирани летови во траење од 12 часа. Ги придружуваа ловци Миг-31 од Тихоокеанската флота, додаде министерството, пренесува Тасс.

Екипажот на „Ту-95МС“ вежбаше полнење гориво во воздух, а сите летови на руските воздухопловни сили беа спроведени во строга согласност со меѓународните закони за воздушен простор, соопшти руското Министерство за одбрана во Москва.

Во соопштението се додава и дека пилотите на авионите со долг дострел редовно летаат над неутралните води над Арктикот, северниот Атлантик, Црно Море, Балтикот и Пацификот.