Русија следната година ќе го удвои бројот на пробни лансирања на своите интерконтинентални балистички на осум, во споредба со четири лансирања оваа година, изјави денеска командантот на стратешките ракетни сили Сергеј Каракаев.
Тој за весникот „Краснаја звезда“ изјави дека ракетите ќе бидат лансирани од две локации – во близина на Мурманск на север и Волгоград на југ.
Каракаев рече дека овогодишните четири лансирања ја потврдија високата сигурност на ракетните системи.
Според Новиот СТАРТ договор за намалување на нуклеарното оружје, кој стапи во сила во 2011 година, Русија и САД го ограничија бројот на интерконтинентални балистички проектили на секоја по 700.
Каракаев конкретно ја наведе нуклеарната ракета „Сармат“, која првпат беше лансирана во април оваа година од Плесецк во северна Русија, погодувајќи цел на полуостровот Камчатка оддалечен 6.000 километри.
„Сармат“ се развиваше со години и беше тестирана во време на екстремни меѓународни тензии, во неделите по инвазијата на Москва врз Украина.