САД планираат за утре „голема провокација“ на границата со Венецуела со хуманитарна помош со префрлање специјалци и воена опрема во регионот за нејзина подготовка. Тоа го изјави денеска портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

– Развојот на настаните во Венецуела е во критична точка. Сите го знаат тоа. За 23 февруари планирана е опасна голема провокација раководена од САД за пресекување на границата на Венецуела од т.н. хуманитарна автоколона, изјави таа.

Тоа според неа, ќе предизвика судири и за противниците на власта ќе биде „добар предлог за акција за симнување од власт на легитимниот претседател на државата“.

Захарова нагласи дека е регистрирано „префрлање американски специјалци и опрема бллизу територијата на Вењнецуела“.