Авион на Министерството за одбрана на Русија се урна во западниот регион Белгород, соопштија денеска локалните власти. Станува збор за борбениот авион Су-25.
Претходно беше соопштено дека пилотот успеал да се катапултира пред несреќата, но руското Министерство за одбрана соопшти дека тој загинал, пренесува ТАСС.
„Авионот на Министерството за одбрана се урна во областа Валујски. Сега на самото место работи истражен тим и вработени во Министерството за вонредни состојби“, објави на Телеграм гувернерот Вјачеслав Гладков.
Гладков нагласи дека ситуацијата е под контрола, а причината за инцидентот се истражува.