Москва ја предупреди Америка дека може да има непредвидливи последици доколку Вашингтон и неговите сојузници продолжат да испраќаат оружје во Украина.

Ова го објави Вашингтон пост, повикувајќи се на руски дипломатски извор во САД.

– Ги повикуваме САД и нивните сојузници да престанат со неодговорната милитаризација на Украина, што подразбира непредвидливи последици за регионалната и меѓународната безбедност, изјави руски дипломатски извор.

Досега, Соединетите Американски Држави испратија или ветија дека ќе испратат 1,7 милијарди долари воена и друга помош за Украина.

На почетокот на овој месец, за Украина беа одобрени противтенковски ракети Џавелин во вредност од 100 милиони долари.