Кражбата на мост тежок 56 тони и долг 23 метри ги натера руските власти да поведат криминална истрага за да се утврди како се случило тоа.
Мостот се наоѓал над реката Умба, кај напуштена населба во Октјабарскаја, во арктичката област Мурманск која граничи со Финска. Сликите објавени на руската социјална мрежа В-контакт од пред три седмици покажуваат дека средишниот дел од мостот паднал во водата, а десет дена подоцна немало никакви траги од него.
Надлежните се сомневаат дека мостот прво е намерно урнат и дека металната конструкција потоа, дел по дел, е украдена со цел да се препродаде како старо железо.
Ова не е прв ваков случај во Русија. Во 2008 година, руската полиција трагаше по лица кои украле мост од 200 тони.
Мостот на Умба бил приватна сопственост, а неговата вредност се проценува на околу 600.000 рубљи (8.200 евра).