Словенечките цариници открија околу 500 шишиња мексиканска текила на мариборскиот аеродром, скриена во товарен авион кој слета од Украина, соопшти Финансиската управа.

– Екипажот на авионот не пријави ништо за царинење, но преку инспекциски преглед прво се откриени 354 шишиња текила „Дон Хулио 1942“, скриени во пилотската кабина, во тоалетот и во товарниот дел од авионот, се наведува во соопштението.

При дополнителен преглед на авионот, со помош на полициско куче, откриени се уште 126 шишиња скриени на подот од авионот.

Како што се наведува, вредноста на запленетата стока изнесува 72.000 евра, а против одговорната компанија и нејзиниот сопственик е покрената прекршочна постапка.