Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пренесува Би-Би-Си.

– Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето, соопшти руското Министерство за одбрана.

Ниту еден украински војник вчера не ја прифати истата понуда, се вели во соопштението на Министерството.