Од фрегатата „Адмирал Горшков“ во Бело Море успешно е лансирана хиперсонична крстосувачка ракета Циркон.
Ракетата Циркон, со брзина од осум маха погоди мета во Баренцово Море, на оддалеченост од 450 километри, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, Валериј Герасимов за време на видео-конференцијата со рускиот претседател Владимир Путин.
Се претпоставува дека ракетата може да достигне брзина деветпати поголема звукот, а дострелот да и биде над илјада километри. Тестирањето на Циркон ќе продолжи и планирано е со ракетата да бидат вооружени бродовите и подморниците, а Путин претходно најави дека се работи на копнена верзија.