Уругвај ги прегази домаѓините, победувајќи ја руската репрезентациај со 3:0. По убедливиот старт на Русија, малку кој очекуваше ваков расплет во третиот меч, кога Русите играа до непрепознатливост.
Сепак, се уште е непознат крајниот домет на домашната репрезентација бидејќи има и такви кои сметаат дека таа одбра да биде втора во групата за да патува во Москва на наредниот натпоревар. Но, дури и да е така, тешкое да се поверува дека Русите „попуштија“ за да доживеат ваков тежок пораз.
Во вториот натопревар од оваа група, Саудиска Арабија го победи Египет со 2:1. Двете репрезентации заминуваат дома.