Репрезентацијата на Аргентина е едно од најголемите разочарувања во досегашниот тек на Мундијалот во Русија. „Гаучосите“ по две кола имаат еден бод и моментално се наоѓаат на последното место во групата Д.

Иако најголемиот дел од фудбалската јавност го критикува Лионел Меси, се чини дека поголем дел од вината имаат неговите соиграчи.

Погледнете ги сите „глупости“ на избраниците на Сампаоли на дуелот против Хрватска:

Во решавачкиот дуел за пласман во осминафиналето Аргентина ќе мора да ја совлада Нигерија, но и да се поклопи резултатот од дуелот меѓу Хрватска и Исланд.