Александар Русјаков на гостувањето на словенечката РТВ, во емисијата „Obzorja duha“ посветена на посетата на папата Франциск на Бугарија и Македонија, реагираше на новинарскиот прилог во кој нашата држава беше претставена како Северна Македонија.
-Како Македонец, јас морам да реагирам. Јас никогаш нема да го прифатам името Северна Македонија. За мене секогаш ќе биде Македонија. За мене ова е и секогаш ќе биде име на окупацијата, поради начинот на кој што беше наметнато и заради референдум кој македонскиот народ го отфрли тоа име. Мнозинството Македонци никогаш нема да го прифаќаме тоа зомби име Северна Македонија, таа е Македонија и секогаш ќе биде Македонија, рече Русјаков.
Во однос на посетата на папата, Русијаков рече дека неговата посета кај нас била најавена како апостолска. Но, тој вели дека во Македонија имало само една таква посета, кога ја посетил апостол Павле.
-На сон на свети Павле му се јавил Македонец и му рекол: „Дојди во Македонија и помогни ни“. И тоа е единствената посета од почетокот на христијанството, која била во Македонија. Мислам, дека посетата на папата не беше поврзана со Христос, туку беше комерцијална и политичка посета. Папата е планетарна ѕвезда. Сите медиуми во светот пишуваа за државите кои ќе ги посети папата и таа посета беше потребна да се комерцијализира името Северна Македонија. Неговата улога беше исклучително политичка, за да ја етаблира на светско ниво Северна Македонија, вели Русјаков.
Целата емисија можете да ја погледате тука.