Плановите на САД да обучуваат украински војници за користење на системот за ПВО Патриот е уште еден доказ за вмешаноста на Вашингтон во украинскиот конфликт, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.
Одлуката на Министерството за одбрана на САД да организира курс за обука во Форт Сил, Оклахома е уште една потврда за де факто учеството на Вашингтон во украинскиот конфликт на страната на нацистичките криминалци од Киев, се наведува во соопштението на Анатолиј Антонов објавено од Руската амбасадата во Вашингтон.
Антонов додава дека вистинската цел на американската администрација е со рацете на Украина да и нанесе што поголема штета на Русија на бојното поле.