Амбасадата не коментира активности на приватни лица, особено не шеги на комичари, гласи краткото соопштение од амбасадата на Руската Федерација во Македонија, откако од Независен весник побарале коментар за комичната афера на Зоран Заев кој беше насанкан од двајца руски комичари.
Заев денеска на прес-конференцијата тврдеше дека ова што го доживеал од двајцата руски комичари не е обична шега, туку како што рече, тој бил жртва на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации.
Ако се има предвид дека слични шеги се правени и со политичари кои се одамна во евроатлантските организации, останува да виси тврдењето дека „комичарите и ги попречуваат евроатлантските аспирации на Македонија“.