Министерство за одбрана на Руската Федерација продолжува да ги следи и лично ги евидентира сите странски платеници кои пристигнале во Украина за да учествуваат во воените дејствија, објави денеска Амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

– Од 24 февруари 2022 година вкупниот број на странски платеници кои пристигнале во Украина изнесува 13.387. Во исто време, до денес е потврдено уништување на 5.962 странски платеници, пренесе руската Амбасада информација од руското Министерство за одбрана.

На официјаланата страница на Фејсбук Амбасадата ги објавува поединечно странските платеници од земјите кои пристигнале и колку од нив досега се загинати на боиштата.