Вицепремиерот Бојан Маричиќ изјави дека не се поставува прашањето дали во 2030 година ќе има нови членки во Европската Унија, туку дали Македонија ќе биде меѓу нив или ќе аплаудира во публиката.

– Јас ве уверувам, дека околу тој датум 2030 година, ќе има нови членки во ЕУ. Прашањето е само дали ние како држава, како С. Македонија, ќе бидеме во публиката и ќе аплаудираме на Црна Гора, Албанија, Украина, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија итн. или ќе бидеме заедно со нив. на бината каде што ќе се примаат нови членки, вели Маричиќ.

Тој ова го објави и на својот официјален профил на Фејсбук.

– Посветено работиме да бидеме дел од ЕУ, каде што припаѓаме еографски и политички и за што имаме силна поддршка и од меѓународната заедница. #МКвоЕУ до 2030 – реално и остварливо, објави Маричиќ.

Видеото со целата изјава може да го отворите ТУКА.