Американскиот астронаут Ник Хејг и рускиот космонаут Алексеј Овчињин успешно слетаа во Казахстан откако нивната ракета сојуз имаше дефект набрзо по лансирањето.

Ракетата откажа по полетувањето од космодромот Бајконур и двајцата астронаути со капсула со падобран се спуштија некаде во регионот на Казахстан.

Сојуз требаше да ги превезе американскиот астронаут и рускиот космонаут до меѓународната вселенска станица, но според првичните информации имало дефект на моторите на ракетата.

Според руската државна агенција ТАСС екипажот на сојуз е безбеден, со нив е воспоставен контакт и спасувачките екипи се во потрага по местото на приземјувањето на капсулата.

Според НАСА капсулата се вратила на земјата со „балистичка траекторија“, односно со слободен пад.