Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел да слета во Грозни, Чеченија во средата. Во своите коментари, Путин не кажа дека руската воздушна одбрана го погодила авионот, пишува „Си-ен-ен“.
Авионот не можел да слета и се пренасочил кон исток, а на крајот се урнал во близина на Актау, Казахстан, при што загинаа 38 лица.
Не е потврдено што се крие зад инцидентот, но американски официјален претставник изјави за „Си-Ен-Ен“ во четвртокот дека раните индикации укажуваат дека руски противвоздушен систем можеби го соборил патничкиот авион.

Путин се извини за фактот што трагичниот инцидент се случи во рускиот воздушен простор во телефонски разговор со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, се вели во соопштението на Кремљ.
Кремљ соопшти дека авионот се обидел да слета на аеродромот во Грозни, но во исто време областите Грозни, Моздок и Владикавказ биле нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле овие напади.
Рускиот истражен комитет отвори случај во врска со катастрофата, се вели во соопштението.
Во изјавата во петокот, министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха рече дека руските медиуми лажеле за причината за падот, додавајќи дека Москва го принудила оштетениот авион да го премине морето, најверојатно во обид да ги скрие доказите за нивното злосторство.