Американска интервенција во Венецуела останува како можност, а таква операција е дел од позицијата на Вашингтон, рече Владимир Заемски, рускиот амабсадор во Каракас.
-За несреќа тоа сценарио е можно. Веројатно го видовте извештајот од пред неколку недели кога една странска новинска агенција објави информација дека лани во мај американскиот претседател Доналд Трамп сериозно дискутирал со своите советници за воена интервенција во Венеуцуела- кажа рускиот дипломат за Итар-Тасс.
Тој додаде дека Белата куќа тоа го демантираше, со објаснување дека таа опција не се смета за приоритетна.
-Како и да е, за несреќа Американците истакнаа дека дел од нивната позиција е да се држи таа опција на маса, а тоа вклучува и воена опција. Ако е така, тогаш станува збор за сериозна закана, дотолку повеќе што САД отворено признаа дека тие ја оживуваат доктрината на Монро (утврдување на екслузивните интереси на Америка на западната хемисфера), а тоа се што е јужно од нивните граници го сметаат за двор кој го посакуваат и таму би сакале да го одржат постоечкиот поредок-нагласил Заемски.
Рускиот диплломат смета дека се уште постои заканата опозцијата во Венецулеа да се обиде да почне шарена револуција, иако противниците на Владата ја загубиле силата и се соочени со проблеми да ги извдат луѓео на улица.
-Заканата се уште постои бидејќи неки радикални членови на опозицијата велат дека Владата мора да биде тргната, а бидејќи тоа не можат на легален начин, на избори, тогаш им преостанува само еден начин – да организриаат востание. Ако тие политички активисти се држат до тие ставови, тоа значи дека заканата останува-додава Заемски.
Тој објаснува дека тие се обидуваат да организриаат масовни протести, но оти до сега тоа не им усепало.
-Протести има, но само затоа што состојбата во земјата е тешка, има рестрикции на вода и електрична енергија. Луѓето се фрустрирани, но опозцијата не успеа од тоа незадолство да формира единствен фронт – смета Заемски.
Во текот на неколку месеци во 2017 година имаше антивладини протести на кои најмалку 120 лица загинаа, илјадници се здобија со повреди, додека околу 5.000 демонстранти беа уапсени. И покрај тоа во мај годинава Николас Мадуро беше резибран за претседател на Венецуела, а најголемите опозициски партии не учествуваа на изборите. САД и некои Латиноамерикански земји не ги признаа изборните резултати.