Познатиот руски сатиричен карикатурист, Семјон Скрепецки (44), кој беше препознатлив по неговите карикатури со кои ги исмејуваше рускиот претседател Владимир Путин и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е убиен во полскиот град Бјала Подласка, во близина на границата со Белорусија.

Полската полиција соопшти дека станува збор за целно убиство извршено вчера наутро на улица, по што напаѓачите побегнале.

Локалните медиуми пренесоа дека набрзо по пукањето, во близина на белорускиот конзулат бил приведен еден белоруски државјанин, но полицијата сè уште ја нема потврдено оваа информација.

Скрепецки ја напушти Русија во 2021 година поради страв од политички прогон, а само неколку дена пред смртта протестираше пред руската амбасада во Берлин. Инцидентот се случува во период на веќе засилени тензии и обвинувања од Полска кон Москва и Минск за спроведување хибридни операции.

фото: принтскрин