Бројот на жртвите во рускиот напад на Киев се зголеми на 36, а најмалку 100 се повредени, соопштија локалните власти.

Украинската воздушна одбрана собори 30 од 38 истрелани проектили, соопштија од воздухопловните сили.

Во Киев, централните градови Кривји Рих и Днипро, како и во два источни града, оштетени се 50 цивилни згради, вклучувајќи станбени згради, деловен центар и две медицински установи, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.

На видеото се гледа како проектилот паѓа кон детска болница, по што следи голема експлозија.

Локалните власти тврдат дека во нападот на болницата загинале седум лица.

Службата за безбедност на Украина ја идентификувала ракетата како крстосувачка ракета Кх-101, наведува британската агенција.

Поради овој напад утре во Киев ќе биде одбележан Ден на жалост, а на барање на Британија, Франција, Еквадор, Словенија и САД ќе се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН.