Стотици руски падобранци оваа недела ќе одржат вежби во близина на украинската граница, соопшти руското Министерство за одбрана. Околу 1.200 војници и 250 возила, како и еден авион ќе учествуваат на вежбата, што ќе се одржи меѓу центрите за обука на Крим и блиската провинција Краснодар.
Министерството соопшти дека војниците ќе симулираат освојување област како дел од офанзивна операција.