Пратеникот во руската Дума Алексеј Журављев изјави дека на Русија и се потребни четири ракети Сатана за да ги избрише САД од лицето на земјата.

Пратеникот Журављев, во интервјуто на рускиот државен ТВ канал Русија 1 рече дека две ракети Сармат 2, колоквијално наречени Сатана 2, се доволно за уништување на источниот брег на САД, а четири за уништување комплетно на САД.

Журављев говореше за извештајот на Си-Би-Ес кон крајот на април во кој лидерите разговараа како би изгледал нуклеарниот напад врз Њујорк.

Тој порача дека погрешно пресметале.

– Јас компетентно ќе ви кажам дека за да се уништи целиот источен брег на САД се потребни две ракети Сармат и две ракети за западниот брег. Четири проектили и ништо нема да остане. Атомската печурка ќе се види од Мексико, рече тој.

Како што вчера објавивме, телевизиската водителка на програмата 60 минути на истата телевизија, Олга Скабеева, рече дека операцијата на Кремљ во Украина е при крај и дека „почнала Трета светска војна во која Русија ќе го демилитаризира НАТО“.