Рускиот патријарх Кирил ги повикал верниците да се воздржат од посетување на храмовите и да се молат во своите домови, за на тој начин да придонесат во ограничување на ширењето на вирусот Ковид 19, пренесуваат бугарски медиуми повикувајќи се на Ројтерс.
Досега Русија не е тешко погодена од вирусот. Има 1 534 заразени, вкупно 8 починати.
Треба да се има в предвид дека Русија ја почувствува опасноста многу порано од државите во Европа, односно во истиот момент кога епидемијата започна во Кина. Но, Русија веднаш ја зтавори неколку илјади км долгата граница со соседна Кина.
Сепак, епидемијата и таму зема замав, па во последните 24 часа детектирани се 254 ново заразени. Рускиот претседател Путин, изминатите денови прогласи дека наредната седмица во Русија нема да се работи, со цел во рана фаза од ширењето на епидемијата да ги ограничи контактите меѓу луѓето и да спречи нејзино брзо ширење.