Русија и САД своите односи треба да ги уредуваат според принципот „мирољубива коегзистенција“, на начин како што тоа беше во времето на Студената војна, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Руското МНР уште додава дека е отворено за искрен и меѓусебно почитуван дијалог со САД, како и оти останува надежта за нормализација на односите меѓу двете држави, јавија руските медиуми.