РУСКО – УКРАИНСКИ ПРЕГОВОРИ: Најверојатно нема да се одржи за денеска најавената втора рунда за барање мирно решение на конфликтот

/ 02.03.2022

Малку е веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат на планирани разговори за денеска, бидејќи барањата на Москва за прекин на инвазијата се „нереални“, соопшти кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

-Најверојатно нема да се сретнат утре. Можно е да биде одложено за неколку дена, ние сме во контакт со преговарачките тимови, изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Тој изрази надеж дека рускиот претседател Владимир Путин ќе го запре нападот, увидувајќи ја економската штета што и ја нанесува на Русија.

Зборувајќи за украинските услови за натамошни разговори со Москва, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е неопходно прво да се запре руското бомбардирање на цивили, а потоа да се седне на преговарачка маса.

(МИА)


Од истата категорија