Претресот во финансиската полиција, ја одведе Русковска на распит во обвинителство.. Кривичината за злоупотреба на положбата и фалсификување исправа, веќе ја обработило скопското обвинителство, па поканата за распит, до Русковска била адресирана како осомничена..

„Истрага е. Предметот е заведен во „КО“, значи кривично и бев испитана во својство на осомничена. Ја видов кривичната пријава, ми беше понуден да го видам и записникот од изјавата на Арафат Муареми – не бев заинтересирана да ја прочитам, само кривичината пријава ја прочитав“, изјави Вилма Русковска.

Кривичната пријава, Русковска, ја остави и без обвинителското столче во одделението за гонење организиран криминал и корупција.. Иако на постапката гледа како притисок врз работата на обвинителите, најави дека ќе бара уште еден обвинителски мандат за шеф на организиран..

„Да, апсолутно. Така гледам на целата постапка – на моето суспендирање, поведувањето на дисциплинска постапка, како, еве и на поднесената кривична пријава“, вели Русковска.

Таа додаде дека во својот мандат имала закани и притисоци, но, одби да прецизира од каде доаѓале..

По едночасовниот распит пред обвинителот, Русковска вели дека и денес на ист начин ќе го прави претресот во финансиската полиција.. Очекува Обвинителството да ја отфрли кривичната која денеска ја однесе на распит.