РУСКОСКА: Оваа снимка беше пуштена во судница на рочиште затворено за јавноста

/ 19.06.2020

Дел од нова аудио снимка од случајот „Рекет“ протече во јавност на која се слуша наводно гласот на адвокатот Васил Димишков, брат на судијката од Кривичен суд која го стави Орце Камчев во притвор, Весна Димишкова.

Обинителката Рускоска за ТВ 24 потврди дека овој разговор е исечен од аудио снимка која потекнува од доказите во „Рекет“, која Обвинителството ја добило од Зоран Милески Кичеец.

Рускоска демантира дека се на снимката се слушаат имињата на Вице и Зоран Заев во контекст поврзан со пари.

Потврдува дека оваа снимка е исечена од разговор кој трае 57 минути и е пуштен во судница на рочиште кое беше затворено за јавноста. Не знае од каде и за која цел протекол овој разговор, но додава дека станува збор за разговор меѓу Димишков и Зоран Милески, а на другите разговори е и Ана Камчева, сопруга на осомничениот во Империја, Орце Камчев.


Од истата категорија