Скандалозни видео снимки со иконографија од СДСМ во затворот во Идризово се шират по социјалните мрежи.

Како што објави порталот Курир, внукот на Јане Павловски познат како Јане Тица, сподели видео на својот Фејсбук профил од затворот во Идризово каде престојува Тица.

На видеата се гледа како се собрани Роми, Македонци и Албанци во една просторија во затворот, а на масата има амблеми и пароли на СДСМ, знамињата на СДСМ и на Република Македонија и друго.

Од снимките се слуша како тие тврдат дека се собрале за да му докажат на СДСМ дека се многу јаки, силни и не се даваат.

На видеото свој коментар даде и директорот на Зоолошката градина во Скопје Ѓоргија Галетановски кој под постот на Фејсбук напиша „Јане Легендо“.