Северна Кореја денеска лансира неидентификуван проектил, соопшти Генералштабот на војската на Јужна Кореја.

Во соопштението се посочува и дека проектилот е истрелан од северозападната локација Сино-ри кон исток.

Северна Кореја минатата недела лансираше повеќе ракети и барем еден проектил со краток дострел од источниот брег, со што се зголемија тензиите на Корејскиот Полуостров во време на застој на преговорите помеѓу Пјонгјанг и Вашингтон.