Амбасадата на САД во Украина повторно ги советуваше своите граѓани да ја напуштат државата, поради наводната закана од руска инвазија.

„Безбедносната ситуација во Украина се уште е непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без најава. Американските граѓани во Украина треба да размислат за заминување сега, користејќи комерцијални или други приватно достапни опции за превоз“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Во соопштението, амбасадата наведе неколку земји како можни рути за евакуација: Полска, Словачка, Унгарија, Романија и Молдавија.

Претходно Австралија, Велика Британија, Германија, Канада и Јапонија објавија дека ги евакуираат дипломатите и нивните семејства.