Американските здравствени власти   препорачаа да се даде вакцина против Ковид-19 на деца на возраст од шест месеци до пет години, последната возрасна група за која вакцината се уште не беше одобрена.

„Знаеме дека милиони родители и старатели чекаат нивните деца да бидат вакцинирани, а со денешната одлука тој ќе може да го направи тоа“, изјави д-р Рошел Валенски, директор на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Советодавното тело на ЦДЦ нагласи дека вакцините им даваат заштита на малите деца од хоспитализација, смрт и можни долгорочни компликации.

Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) ги одобрува вакцините и ЦДЦ одлучува кој може да ги добие.

Американската влада се подготвува да започне да дава вакцини за најмалите деца на почетокот на следната недела, а милиони дози се нарачани за дистрибуција до лекарите, болниците и здравствените клиники низ целата земја.