Американскиот авиоиндустриски гигант „Боинг“ склучи договор со Министерството за одбрана на САД, вреден 4,1 милијарди долари.

Извори од Пентагон соопштија дека станува збор за договор за ширење и унапредување на системот за противвоздушна одбрана.

Ова е четврти договор меѓу „Боинг“ и Пентагон, склучен во последниов период. Претходно. беше склучен договор од 9,2 милијарди долари за производство на 351 авион за обука Те-Икс, кој е заеднички проект на „Боинг“ и шведскиот СААБ, и на 46 симулатори за лет, како и спогодби за изработка на првото беспилотно летало за снабдување во вредност од 805 милиони долари и за производство на хеликоптери за сума од 2,4 милијарди долари.