Тројца нови американски сенатори положија заклетва вчера веднаш по инаугурацијата на претседателот Џозеф Бајден, со што Демократската партија обезбеди контрола над Горниот дом на Конгресот на САД.

Покрај функциите претседател и потпретседател на државата, демократите ќе го контролираат Претставничкиот дом и Сенатот во следните две години, што ќе му овозможи на Бајден да спроведе амбициозен план за соочување со големи предизвици, оценуваат американски медиуми.

Неколку часа откако новата потпретседателка на САД Камала Харис положи заклетва, тројца нови сенатори од Демократската партија, Џон Ософ, Рафаел Ворнок и Алекс Падиља, го сторија истото, стоејќи пред неа, како претседателка на Сенатот.

Односот на демократите и републиканците во Сенатот сега е 50 спрема 50, но во тој случај одлучувачки е гласот на Камала Харис.

Ософ (33), најмладиот сенатор во актуелниот состав рече дека „Америка денеска врти нов лист“.