Вредноста на договорите за купување оружје преку американската влада во фискалната 2023 година изнесува рекордни 80,9 милијарди долари.

Тоа е највисоката годишна вредност некогаш забележана. Исто така, ова е зголемување од 55,9% во однос на 2022 година.

Во продолжение дел од склучените договори:

▪️ 48 лансери „Патриот“, стотици проектили, 12 ЛТАМДС радари за Полска – 15 милијарди долари;

▪️ 96 ударни хеликоптери „Апачи“ за Полска – 12 милијарди долари;

▪️ 486 Хајмарс МЛРС за Полска – 10 милијарди долари;

▪️ 60 транспортни хеликоптери „Чинук“ за Германија – 8,5 милијарди долари;

▪️ 20 транспортни авиони Ц-130 „Херкулес“ за Австралија – 6,35 милијарди долари;

▪️ 16 противподморнички патролни авиони П-8А „Посејдон“ за Канада – 5,9 милијарди долари;

▪️ 25 ловци Ф-35 за Јужна Кореја – 5 милијарди долари;

▪️ Систем за контрола на воздушната одбрана ИБЦС за Полска – 4 милијарди долари;

▪️ 116 тенкови М1А1 „Абрамс“ за Полска со муниција – 3,75 милијарди долари;

▪️ 183 оклопни транспортери „Страјкер“ за Бугарија – 1,5 милијарди долари;

▪️ 18 транспортни хеликоптери „Чинук“ за Јужна Кореја – 1,15 милијарди долари.