Американските власти денеска соопштија дека во Швајцарија отвориле Фонд за управување со имотот на Централната банка на Авганистан, во вредност од 3,5 милијарди долари.

Тие средства се замрзнати во САД откако талибанците ја презедоа власта.

Новиот Фонд, со седиште во Женева, ќе ги преземе функциите на Централната банка, како што е отплата на неподмирените долгови на Авганистан или плаќање за увоз на електрична енергија.

Фондот во иднина би можел да има и други улоги, како печатење банкноти.