Американската амбасада во Русија предупреди на опасност од терористички напади во Москва, Санкт Петербург и долж границата со Украина, јавија американските медиуми. Дипломатската мисија ги повика Американците во Русија да ја напуштат државата.
„Постои опасност од терористички напади врз трговски центри, железнички и метро станици и други места за собири на многу луѓе во големите урбани центри, вклучувајќи ги Москва и Санкт Петербург, како и во областите на зголемени тензии долж руската граница со Украина“, предупреди амбасадата во своето коминике.
Тие препорачуваат нивните граѓани да подготват план за евакуација, независно од помошта на американската влада.