Пентагон соопшти дека американскиот носач на авиони Хари Труман и неговата ударна група ќе учествуваат на поморска вежба на НАТО во Средоземното Море, што ќе трае до 4 февруари.

Според портпаролот на Пентагон Џон Кирби, вежбата е планирана од 2020 година. Тој посочи дека надлежните размислувале дали вежбата да се изведе поради моменталната тензија и одлучиле да дејствуваат. Кирби рече дека вежбата не била планирана како предупредување за акциите на Русија околу Украина.

Русија во четвртокот објави дека планира големи поморски маневри во февруари, од кои некои најверојатно ќе бидат во Црното Море.