Филипинските и американските војници денеска ги почнаа воените вежби „Баликатан“ на Филипините, кои ќе траат до 10 мај, а ќе опфатат и поморски вежби во Јужното Кинеско Море, на чии територии претендираат и Кина и Филипините.
На вежбите ќе учествуваат вкупно 16.700 војници од Филипините и од САД, на кои ќе се приклучат и Франција и Австралија, а американските и филипинските власти нагласија дека вежбите не се насочени против трета страна, туку за подобрување на соработката меѓу двете земји.
Минатата година беа одржани најголемите вежби „Баликатан“ со 17.600 војници, откако почнаа да се спроведуваат во 1991 година.