Јапонската и американската Влада преговараат за средба меѓу јапонскиот премиер Фумио Кишида и американскиот претседател Џо Бајден во јануари, објави денеска јапонскиот весник „Јомиури“, повикувајќи се на извори запознаени со преговарачкиот процес.
Според информациите на јапонското издание, средбата најверојатно ќе се одржи на 13 јануари во Вашингтон.
Се очекува, Кишида да го информира Бајден за новата безбедносна стратегија на Јапонија, која беше усвоена овој месец.
Во првата половина на јануари Кишида има намера да ги посети и Велика Британија, Франција и Италија. За време на посетите на овие земји, јапонскиот премиер ќе разговара и за билатерални прашања и за теми поврзани со соработката во рамките на Г-7, пишува весникот „Јомиури“.