САД и Кина преговараат за можна средба на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Jи на министерскиот состанок на Г20 во Италија следната недела, објави „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на извори блиски до разговорите.
Според весникот, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ги известила колегите во Пекинг дека би сакале американскиот заменик државен секретар Венди Шерман да ја посети Кина во текот на летото.
белата куќа одржала прелиминарни интерни дискусии за испраќње на Блинкен или советникот за национална безбедност Џејк Саливен во Кина во оваа година што може да биде подготовка за состанок на Бајден со Си Џинпинг на маргините на самитот Г20 во Рим во октомври, наведува весникот.