Во САД до денеска се регистрирани 100.316 луѓе заразени со новиот коронавирус, според податоци објавени на страницата Ворлдметарс (worldometers).

Денеска се регистрирани нови 14.881 заразени, и уште 247 смртни случаи.

Вкупниот број на смртни случаи до денеска изнесува 1.542, а оздравеле 2.465 луѓе.

Со ова САД се на прво место по број на заболени, по нив е Италија со 86.498, а Кина е на трето место со 81.340 регистрирани случаи на Ковид-19.