Американскиот Стејт департмент ја обвини Русија дека злонамерно го користи православниот идентитет за да ги унапреди своите геополитички интереси.

Портпарол на Стејт департментот рече дека Русија е вклучена во тајни и отворени злонамерни обиди да го инструментализира православниот идентитет за да ги задоволи сопствените геополитички интереси, со поддршка на одредени православни цркви и други лидери, притоа поткопувајќи ги другите религии.

Тој исто така ја истакна важноста што САД ја придаваат на промоцијата и заштитата на верските слободи, додавајќи дека заштитата на слободата на религијата или верувањето, вклучително и слободата на верските малцинства, останува клучен елемент на надворешната политика на САД.

– Луѓето треба да бидат слободни да носат одлуки за тоа како ги изразуваат своите религиозни убедувања, без надворешно мешање, вклучително и од странски влади, рече портпаролот на Стејт департментот.